Стевановиќ: Британскиот сој носи драстично влошување и после 13-тиот и 14-тиот ден

од Nikola Popovski

„На Инфективната клиника во моментов се пополнети капацитетите во целосно, меѓутоа динамиката на испишување и на прием на пациенти се движи во пристојни бројки. Тесната комуникација и координација со останатите ковид-центри е непрекината и функционална 24 часа. Не се оставил пациент кој не бил згрижен, а побарал помош“, вели директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ.

Според неа, британскиот сој на Ковид-19 носи малку поинаква клиничка слика за себе.

„Се остава впечаток дека овој сој дава влошување и после 13-тиот и 14-тиот ден , но и на самиот почеток на болеста. Сојот е непредвидлив, па затоа и хоспитализациите на пациентите ќе трае подолго време“, вели таа.

Слични содржини