Ѝ стигна пријава: Северина ѝ се заканувала на директорката на училиштето

Нови неволји, наводно, повторно ги заматија односите меѓу пејачката и вработените во училиштето каде оди синот на Северина Којиќ и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.

Како што пишува 24sata.hr, директорката на училиштето во полиција пријавила дека добива закани од хрватската пејачка Којиќ. Но, не била само Северина која ги пуштила страстите во училиштето, туку во кавгата се вмешал и Игор Којиќ, нејзиниот сопруг.

НАводно, до инцидентото дошло кога пејачката со сопругот стигнала пред училиштето и го пратила Игор да го земе детето. Исто како и во октомври, вработените во училиштето инсистирале по детето да дојде мајката која е наведена на листата за земање на детето. Тоа не и се допаднало на пејачката па наводно започнала да ги навредува вработените во училиштето, особено, заканувајќи и се на директорката.

Директорката сериозно ги сфатила зборовите на Северина и ја известила полицијата.

За потсетување, Северина ја шокираше јавноста кога на својата турнеја обвини учителка дека ѝ го малтретирала синот. Кратко потоа, од училиштето ја пријавиле пејачката за занемарување на дете, а судот донесе одлука, привремено, старателството да му припадне на Милан Поповиќ, таткото на детето.

Пејачката не одговорила на прашањата за наводниот инцидент.

Слични содржини