Стигна ВИДЕО од Марс: НАСА го објави моментот кога „Perseverance“ слета на црвената планета

од Vladimir Zorba

Американската вселенска агенција (НАСА) покажа снимка од роверот „Perseverance“, кој влезе во атмосферата на Марс, се спушти и слета на црвената планета на 18 февруари, а микрофонот ја емитуваше и првата аудио-снимка на звуци од оваа планета, соопшти вечерва НАСА.

Од моментот на активирање на падобранот, системот за камери го покажа целиот процес на спуштање, покажувајќи го динамичното возење на роверот до кратерот „Езеро“.

Снимката започнува на 11 километри над површината и покажува отворање на најголемиот падобран некогаш испратен од Земјата, а видеото завршува со допирот на роверот и кратер.

„За оние кои се прашуваат како е да се слета на Марс, зошто е толку тешко или колку е кул да се направи тоа, треба да погледнете малку подалеку. „Perseverance“ само се загрева и веќе ни испрати неколку историски снимки во истражувањето. Тој го потврди извонредното ниво на кое е изградено и прецизноста неопходна за да се направи вселенско летало и да се спушти ровер на Марс“, изјави вршителот на должноста претседател на НАСА, Стив Јурчак.

Слични содржини