Стил како на Трудо: Бошњаковски на заклетва со шарени чорапи (ФОТО)

од Elena Daskalova

На денешното положување свечена заклетва на 23. класа студенти-питомци и слушатели на КСОУОфЛС за 2019/20 година и свечената промоција во прв офицерски чин на 19. класа, се обрати претседателот Стево Пендаровски.

Она што го привлече вниманието, сепак, беше еден несекојдневен детаљ токму кај генералниот секретар на претседателскиот кабинет, Миле Бошњаковски.

Иако кодот за облека при вакви свечености најчесто е строго пропишан, сепак сме сведоци како многу јавни личности и политичари својот изглед го разигруваат со шарени чорапи. Еден од најпознатите политичари во светот, кој често носи интересни чорапи, е и премиерот на Канада, Џастин Трудо.

Фото: Борче Поповски, Локално.мк/Стандард.мк

Слични содржини