Стив Џобс и тајната на автомобилот без регистарски таблички

од Nikola Popovski

Стив Џобс, контроверзниот коосновач на „Епл“, кој беше препознатлив по неговите црни ролки и фармерки, имаше уште еден ексцентричен трик – ги менувал автомобилите на секои шест месеци, но секогаш тоа било „мерцедес“ од марката „SL 55AMG“.

На 3 јануари 1977 година, Стив Џобс и Стивен Возниак го основаа „Епл“. Стив Џобс беше подеднакво познат по своите компјутери, iPod-и, iPad-и, како и по својот изглед, кој се состоеше од црни ролки и фармерки Луис 501. Тоа беше неговата униформа. Покрај тоа, тој менуваше автомобили на секои половина година, но секогаш беше истиот модел, пишуваат светските медиуми.

Во Калифорнија, каде е седиштето на „Епл“, возилото може да се вози без регистарски таблички до шест месеци со привремена дозвола. Џобс го користеше тоа за да може шест месеци, без таблички, да крстари низ Силиконската долина.

Според една од најпопуларните верзии, Џобс на овој начин можел да спречи идентификација на неговиот автомобил.

Во меѓувреме, од 2019 година, овој трик е невозможен во Калифорнија, бидејќи новиот закон налага и новите автомобили да имаат привремени регистарски таблички.

Слични содржини