Стив Кер: Без Стеф, ништо од ова немаше да биде возможно

од Vladimir Zorba

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, призна дека се уште е воодушевен од начинот на кој Стеф Кари настапи во финалната серија на НБА против Бостон. Голден Стејт го победи противникот со 103:90 во шестиот натпревар од плеј-офот и со успех 4:2 стигна до шампионскиот трофеј.

„Она што го прави е многу различно од традиционалните ѕвезди во лигата, со оглед на неговите физички предиспозиции. Многу пати сум кажал дека ме потсетува на Тим Данкан. Да, сосема различни играчи, но од човечка гледна точка, талентот, скромноста, самодовербата и целата оваа комбинација само ги тера сите да сакаат да победат за него“, изјави Кер за 34-годишниот кошаркар.

„Многу сум возбуден за сите во тимот, бидејќи многумина имаат удел во овој успех. Но, без Стеф, ништо од ова немаше да биде возможно. Среќен сум за сите, но особено сум среќен за него, бидејќи ова е круна на неговата и онака исклучителна кариера“, додаде Стив Кер.

Тренерот на Бостон, Име Удока, го смири својот млад тим по поразот со уверување дека ќе дојдат подобри денови.

„Тоа може да се случи. Ова е дел од спортот. Да учиме од искуството што го стекнуваме. Најголемата порака е да се потсетиме на лекциите за да го прифатиме искуството и да се обидеме да се искачиме скалило погоре“, рече Удока.

„Тим како Голден Стејт веќе стана шампион. Очигледно беше дека имаат поголемо искуство“, додаде стручњакот.

Слични содржини