Стивен Сегал снима документарен филм за војната во Донбас

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот актер Стивен Сегал снима документарен филм за ситуацијата во Донбас, изјави лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република, Денис Пушилин, по средбата со Сегал.

„Да, тој снима документарец за војната во Донбас. Денеска разговараше со воените затвореници во притворскиот центар Јеленовка. Некои од затворениците беа убиени неодамна во ракетен истрел од украинска страна“, наведе Пушилин на својот канал на Телеграм, објави ТАСС.

Американскиот актер Стивен Сегал го посети Донбас заедно со Леонид Слуцки, лидерот на Либерално-демократската партија на Русија (ЛДПР), кој е директор на меѓународниот комитет на руската Државна дума.

Слични содржини