Стивенс поразена од Марија, Мајами ќе има нов шампион

од Vladimir Zorba

Силниот тениски турнир во Мајами кај дамите ќе има нова шампионка оваа година, откако четвртата во светот, Слоун Стивенс го напушти натпреварувањето уште по третиот круг.

Американката изгуби со 3:6, 2:6 за нешто повеќе од час и половина од германската тенисерка Татјана Марија.

Марија беше поконцентрирана од двете во важните поени и вкупно пет пати победи на сервис на Стивенс, а за возврат допушти два брејка.

Во следниот круг, Германката ќе игра против Чехињата Маркета Вондроушова.

Втората во шемата, Симона Халеп и Каролина Плишкова, исто така, продолжуваат напред во Мајами, иако по тешки победи во три сета. Романката ја надигра „среќната губитничка“ Полона Херцог од Словенија по пресврт – 5:7, 7:6 (1), 6:2, додека Чехињата на сличен начин, но малку полесно, ја отстрани Ализе Корне од Франција – 6:7 (3), 6:1, 6:4.

Халеп игра против Венус Вилијамс во следниот дуел, а Плишкова ќе се соочи со Јулија Путинцева (Казахстан).

Слични содржини