Стојановиќ: Суспендирани се уште тројца вработени во „Идризово“ за бегството на Мемети

од Nikola Popovski
516 прегледи

Новиот директор на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ вечерва информираше дека има уште тројца вработени во КПУ „Идризово“ кои се суспендирани после бегството на затвореникот Беким Мемети.

-На смена биле во делот кај што се организирал транспортот на осуденото лице. Кој како ја дал проценката, има инволвираност и на истражните органи и не би можел повеќе детали да кажам Не е само бегството како превид или пропуст во тој период. Воопшто со функционирањето на одделението Зграда што го викаме популарно. Ние поведовме сметка за сите аспекти на функционирање во тој период од 22 часот до предметниот настан, кажа Стојановиќ во емисијата „Топ тема“.

Владата веќе го разреши претходниот директор на УИС, Марјан Спасовски и го назначи Стојановиќ неколку дена по бегството на 36-годишниот Мемети, за кое со кривични пријави во притвор завршија тројца затворски полицајци и командир на смена во затворот „Идризово“.

Пријавено беше дека Мемети успеал да го земе пиштолот од возачот на комбето покрај уште тројца затворски полицајци, да го рани затворскиот чувар со неговото службено оружје и да избега со автомобил кој бил во близина на местото на инцидентот.

Слични содржини