Стојанов: Бугарија ги плати првите 55 милиони евра за втората серија авиони „Ф-16 блок 70“

од Destan Jonuzi

На сметката за собирање средства за проектот за набавка на втората серија американски борбени авиони „Ф-16 Блок 70“ досега се уплатени 110 милиони лева (55 милиони евра), изјави бугарскиот технички министер за одбрана, Димитар Стојанов. Стојанов очекува Бугарија до среда да и предложи на Владата овие средства да се зголемат на 170 милиони лева (135 милиони евра).

-На сметката за прибирање средства ќе се одвојат и средства за инфраструктурата на воздухопловната база Граф Игнатиево каде ќе биде сместена идната ескадрила на авиони „Ф-16 блок 70“, најави Стојанов.

Бугарскиот министер е домаќин на Годишниот состанок на министрите за одбрана од Југоисточна Европа, а се одржува во Софија во рамките на бугарското претседателство со Процесот на состаноци на министрите за одбрана од Југоисточна Европа (СЕДМ). На средбата беше направена анализа на изминатиот период, постигнувањата и резултатите.

Министрите се обединија околу фактот дека иницијативата е неопходна и треба да продолжи.

-Таа е стабилизирачки фактор не само во Југоисточна Европа, туку и во светот, рече бугарскиот министер за одбрана.

Тој нагласи дека сите учесници на состанокот во Софија ги осудиле агресивните дејствија на Руската Федерација во однос на Украина.

Стојанов коментираше дека голем дел од земјите кои учествуваат во иницијативата СЕДМ се претставени во борбената група формирана на територијата на Бугарија. Амбициите на Софија се баталјонската група да прерасне на ниво на бригада.

-По изведување на вежба до крајот на годината борбената група треба да биде сертифицирана, со што ќе се докаже постигнувањето на нејзините целосни оперативни способности, додаде министерот Стојанов.

Слични содржини