Стојанов му се закани на Пендаровски дека „ќе одговара за неонацизам“

од Nikola Popovski

Контроверзниот претседател на фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов упатил директна закана до претседателот Стево Пендаровски во однос на неговото вчерашно барање за извинување од Бугарија во однос на депортацијата на македонските Евреи од тогашна профашистичка влада во Софија.

Тој му порачал на Пендаровски дека „ќе одговара за неонацизам“.

-Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ја оправдува нацистичка Германија за смртта на 11.000 Евреи, обвинувајќи го Кралството Бугарија. Нема место за нацисти во Европската унија! А Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам и наскоро ќе го разбере, објавил Стојанов на социјалните мрежи.

Стојанов не смее да влезе во Македонија бидејќи има забрана која важи до 31 јули оваа година.

Слични содржини