Стојковски: Предизвик за македонските евроинтеграции се случувањата со бугарските клубови, тоа може да го забави процесот

од Mimi Spasovska

На почетокот на овој месец Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ со македонскиот преговарачки тим беше во Брисел на првиот состанок за билатералниот скрининг кој започнува со Поглавјето 5, и се однесува на „Јавни набавки“.

Андреја Стојковски директор на Институт Преспа за „Локално“ вели дека активнсотите што ги има преговарачки тим во Брисел се буквално дел од преговорите иако за отворањето на поглавјата услов се Уставните измени во Парламентот со кои Бугарите треба да влезат во преамбулата.

– Една од основните цели на скринингот е да се утврди разликата што постои во секое од преговарачките поглавја, меѓу законодавството на земјата кандидат и правото на ЕУ. Маричиќ и преговарачкиот тим им ја претставуваат на експертите од Европската комисија македонската законодавна рамка и нивото на усогласеност со правото на ЕУ во ова поглавје од преговарачкиот процес, вели Стојковски.

– Тие се букавално дека од преговорите – зашто објаснувачкиот скрининг значи претставување од страна на ЕУ што е тоа врз основа на кое што нас ќе не оценуваат, или што е тоа за што ќе преговараме. Ние во основа на тој објаснувачки скрининиг одлучуваме потоа, поточно подготвуваме претствување што во суштина сме направиле досега и каде се наоѓаме во процесот. Од Владата и Секретрајатот за Европски прашања известија дека имаме околу 42 до 45 проценти усогласеност. Тие 42 или 45 проценти на усогласенсот со Европското законодавство треба да го прикажат на билатералниот скрининг. И кога ќе го направат тоа на билтералниот скрининг потоа Европската комисија поодготвува скрининг извештај врз основа на што државите членки утврдуваат преговарачки позиции”, вели Стојковски.

Скрининг-процесот за Македонија е предвиден да заврши во ноември 2023 година.

Предизвик за македонските евроинтегарции се и случувањата со клубовите со Бугарија

Почетокот на преговорите на Македонија со Унијата се случи оваа година на 18 јули кога официјално Скопје ја одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ по прифаќањето од Македонија и Бугарија  на таканаречениот француски предлог. Но промената на Уставот е услов за официјално да започне отворањето на поглавјата.

Сега пред Собранието е предизвикот да се донесат уставни измени, односно внесување на Бугарите во македонскиот Устав, што е услов за продолжување на преговорите со ЕУ по поглавја. За уставни измени е потребно дво-третинско мнозинство. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ кажа дека нема да поддржат отворање и интервенции во Уставот се додека Европската Унија не даде гаранции дека земјата ќе влезе во Унијата и дека нема да биде предмет на дополнително вето од источниот сосед Бугарија.

Сепак властите се оптимисти дека Македонија може да ги заврши преговорите со ЕУ во 2030 година.

Стојковски вели дека тој би сакал тоа и порано да се случи но имајки ја предвид бавноста на ЕУ и случувањата таму, и тоа е добро.

„Би бил и пооптимист и би сакал и порано но имајќи превид колку е ЕУ бавна, добро е“, коментира тој.

„Предизвик за македонските евроинтеграции се и случувањата со бугарските клубови. Тоа може да го забави процесот“, смета Стојковски.

„Оние кои ги прават сите овие инциденти, напади, кршења, вандалски чинови во принцип не станува збор за луѓе на кои туку така им текнало, туку станува збор за подготвени и иструирани напади. Станува збор за стратегија интереси и цели на некои други. Оттука може да го забави процесот, стратегијата е токму тоа, да се провоцираат двете страни за да се направи проблем и да може тоа да се искористи. Во принцип едната страна тие што ги прават нападите ги провоцираат бугарските власти за нивна реакција, од друга страна овде истите тие што ги прават нападите ги притискаат нашите власти и ги напаѓаат заради оценка дека станува збор за вандалски чин итн и се обидуваат да изнудат реакции кои ќе направат нов проблем“, вели Стојковски.

Во меѓувреме во јавноста често се зборува дека со отворање на скриниг процесот со ЕУ што се случи во јули годинава може да се очекува дека ќе почнат да влегуваат повеќе пари од пристапните европски фондови во државата. Стојковски вели дека праксата досега била таква. Но за тоа нема гаранции, и многу работи зависат и од квалитетот на нашата адмнистрција, но и од други причини.

Пристапнините фондови се утврдени со условите за ИПА уште пред добивањето на француксиот предлог, односно пред испорачувањето на Францускиот предлог.

За регулативата на ИПА е утврдено дека за сите држави од Западен балкан, за сите држави во процесот на пристпување да има 9 милиони определни во 5 прозорци на принцип на конкурентност и на отворен пристап.

„Се разбора ќе се води сметка за географските карактеристики и демографските карактеристики на државите, значи поголема држава побројна популација – повеќе пари, но зависи од капцитетот на државите за искористување, исто така зависи од тоа во каква фаза на процесот е државата. Нема гаранција дека од тие пари ќе ни следуваат повеќе, но праксата досега била вообичаено таква или искуството така покажува односно може да се очекува ама не може да се гарнтира тоа. Тоа зависи најмногу од нашиот квалитет на администрацијата да подготви проекти кои се одржани, одржливи и подобни за финасирање од Унијата“, вели Стојковски.

М.С.М.

Слични содржини