Сто илјади фунти ги криел во векна леб, прашок, памперс и чипс (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

На преминот Градина, на српско-бугарската граница цариниците, во соработка со полицијата, спречиле четворочлено семејство да пренесе повеќе од 100.000 непријавени фунти скриени во скоро сите работи што ги зеле со себе на патот.

Непријавените фунти биле пронајдени дури и во леб, чипс, пакувања влажни марамчиња, кујнски крпи, санитарни влошки, памперс пелени, па дури и во детергент за алишта.

Прекршокот е откриен, како што соопшти српското Министерство за внатрешни работи, кога „ауди“ со британски регистарски таблички било издвоено за детален преглед синоќа околу 21 часот, кога четворочлено семејство британски државјани – родители со две деца патувало за Турција.

На прашањето дали имаат што да пријават, родителите рекле дека со себе носат само личен багаж и вкупно околу девет, 10.000 евра.

Сепак, се испостави дека имало значително повеќе пари затоа што веднаш штом цариниците започнале со контролата, прво пронашле леб „исполнет“ со банкноти во торбата за храна.
Потоа, скриените фунти биле пронајдени во ќеса со чипс, како и во оригинално пакување на пелени, влажни марамчиња, санитарни влошки, детергент за алишта и меѓу кујнски крпи.

Во багажот се пронајдени вкупно 101.705 фунти, а потоа цариниците пронашле уште 6.650 евра во торбата на 46-годишниот возач.

На секој член на семејството му биле вратен износ од 10.000 евра (вкупно 40.000 евра), додека останатите 71.555 фунти се задржани до крајот на прекршочната постапка.

Слични содржини