Стоев го состави кабинетот: „Продолжувањето на дијалогот со С. Македонија е приоритет број еден“

од Nikola Popovski

Верувањето на овој кабинет е континуитет и предвидливост во надворешната политика. Дел од него ќе биде и Румен Александров, кој во моментов учествува на Европскиот совет со претседателот Радев. Тој ќе ми помогне во преговорачката рамка со Република Северна Македонија. Тој веќе беше заменик министер во периодот 2014-2016 година“, изјавил вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, објави „БГНЕС“.

Јана Дончева ќе биде шеф на неговата канцеларија.

„Мојот тим е целосно стручен. Таа беше директорка во Министерството за време на бугарското претседателство “, додал министерот за надворешни работи.

Министерот ги идентификува враќањето на довербата и дијалогот со Македонија како приоритет број еден.

„Целта е да се постигнат одржливи и неповратни резултати во односите меѓу Бугарија и С. Македонија“, категоричен е Стоев.

Тој потсетил дека двајцата претседатели на земјоите ќе отпатуваат за Рим, каде ќе разговараат. Стоев исто така е уверен дека Западен Балкан останува во фокусот на разговорите за Берлинскиот процес на 8 јуни.

Претседателот Стево Пендаровски смета дека заедничкото патување со Радев е еден добар симболичен гест од двете страни кој може да ја олабави атмосферата во пресрет на преговорите меѓу двете земји во врска со блокадата за членство во ЕУ.

„Ние не одиме на заедничко патување и на средби во Ватикан кај папата затоа што ќе го решаваме спорот. Тој предложи пред еден месец, јас мислев дека е добро со бугарскиот државен авион да ја собере целата делегација од кај нас, од Скопје, и заеднички да го чествуваме и тоа го правиме традиционално“, вели Пендаровски. Заради здравствените протоколи кои важат кај папата, тој објаснува дека не можеле да отпатуваат на 24 мај, туку ќе заминат на 26 мај.

„Ова мислам дека е еден добар сомболичен гест од двете страни и малку да ја олабавиме атмосферата во пресрет на она што ќе претстои понатаму – разговори, преговори во врска со блокадата“, изјави Пендаровски.

Слични содржини