Стоев: Од С.Македонија очекуваме конструктивен одговор за изнаоѓање одржливо и трајно решение

од Vladimir Zorba

Шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев на средба во Софија со неговиот чешки колега Јакуб Кулханек на тема С.Македонија изјави дека Бугарија е отворена за активен дијалог и во изминатите денови се прави се што е можно од бугарска страна, како и од македонска за градење позитивна атмосфера и обновување на довербата во билатералните односи,.

Стоев рече дека во однос на С. Македонија имаат целосен континуитет во својата позиција, и оти за Бугарија е од клучно значење одржувањето на добрососедските односи и добивањето неопходни гаранции за исполнување на Договорот за добрососедство.

-Од нашиот најблизок сосед очекуваме конструктивен одговор за изнаоѓање одржливо и трајно решение, што ќе придонесе за безбедноста и просперитетот не само на нашите две држави, туку и за целиот регион, рече Стоев.

Слични содржини