Стоиљковиќ: Ако не се води повеќе грижа за Србите, нека заборават на нашите гласови

од Nikola Popovski

Лидерот на Српската демократска партија во Северна Македонија, Иван Стоиљковиќ, рече дека сегашната македонска влада има малку внимание за 50.000 Срби во земјата, пренесува rtv.rs.

По повод одбележувањето на празникот Свети Сава во интервју за порталот Лидер, тој рече дека  ако не се земат предвид политичките интереси на српската заедница, било којА влада во Северна Македонија нека не смета на нивните гласови.

“Во наредниот период, секоја влада во Република Македонија, ако не се грижи за политичките интереси на српската заедница, нека не смета на гласовите на Србите во Македонија. Да ве потсетам, има околу 50,000 Срби кои живеат во Република Македонија”, рече Стоиjковиќ.

Годинашниот национален празник на Србите во Северна Македонија ќе се слави во Тетово, Куманово, Битола и Скопје во Македонскиот народен театар.

На централната манифестација на Светосавската академија, ќе се обрати и техничкиот министер Оливер Спасовски, а ќе присуствуваа ти делегации од Србија и Република Српска.

Присуство најави и членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Додик денеска ќе се сретне со македонскиот претседател Стево Пендаровски, по што на Светосавската акамеднија, ќе му бид еврачена со Светосавска повелба „за значаен придонес во српското национално прашање во регионот и значаен придонес во заштитата на Србите и српската култура и традиција во Северна Македонија“.

Слични содржини