Стоилковски: Директорот на ЈСП е кадар на владејачката партија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Градоналаничката на Град Скопје, Данела Арсовска е во коалиција со СДСМ, а плод на коалицијата е директорот на ЈСП кој е кадар на владејачката партија. Ваков е ставот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој во таа насока рече и дека премиерот Димитар Ковачевски јавно признал дека имал средби со Арсовска.

„Александар Стојковски, директорот на ЈСП поставен од Данела Арсовска е кадар на СДС. Ова е фотографија од која се гледа Стојковски на партиските состаноци во централниот штаб на СДСМ“, рече Стоилковски.

Слични содржини