Стоилковски:Харачина дивее во Скопје по цена од 45 евра (ВИДЕО)

Порпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски, оддржа прес конференција на која објави дека возачот на бентлито е Бурим Маслам Харачина, за кого тврди дека е осуден криминалец, како што вели и лежел за обид за убиство и со две активни кривични, а е заштитен од Заев и Спасовски како бела мечка.

„Харачина дивее во Скопје по цена од 45 евра, во неговиот дом е направен и претсес во акцијата на полицијата во Грчец и Арачиново, најдено е оружје, тоа е човекот кој лумпува по скопските улици, а го казнуваат со само со 45 евра“, истакна Стоилковски кој објасни дека според законот на Харачина треба да му се поднесе кривична пријава ппоради загрозување на безбедноста на граѓаните.

Исто така, градоначалникот на Град Скопје денеска изјави дека возачот на автомобилот со марка „Бентли“ кој помина низ новогодишниот декор на скопскиот плоштад е казнет со 45 евра, што предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.

Стоиковски денеска приложи и фотографии и видео од Харачина, снимено со неговиот автомобил бентли.

Слични содржини