Стоилковски: Коневски ќе треба да ја докаже клеветата

од Берта Китинска

По поднесената тужба на екс-градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски за клевета поради серија навредливи статуси од страна на Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, објави уште еден статус во кој вели дека клеветата ќе треба и да се докаже.

„Тоа што ме тужи не значи и дека има основа. Сега ќе треба да ја докажува клеветата. Комплексите испливуваат и во текстот на тужбата, каде во прва реченица морал сам да се испофали . А заради тој успех загуби со 4.000 гласа! Полека ‘Комшија’, има уште! На пример да кажеш колку ми се плеткаш низ маало? И Ивица, јас сум портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, чиј што Претседател е проф. д-р Христијан Мицкоски. П.С. ‘Комшија’ се замислил дека е достоен Проф. Д-р. Мицкоски да се занимава со него“, напиша Стоилковски на фејсбук.

Слични содржини