Стоилковски: Ковачевски не објасни како и зошто Ејупи е вработена во МНР

од Nikola Popovski

-Ковачевски со изнесениот став и обвинување за шовинизам, покажува дека лично тој е шовинист. Едноставно, почувствувал потреба да ја брани нововработената во МНР како маж, според родова или полова припадност, а не да ги брани нејзините квалитети, да ги истакне нејзините квалитети и потребата од нејзино вработување во најпосакуваното министерство во Македонија, Министерството за надворешни работи, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски околу наводното вработување на ТВ презентерката Бесмира Ејупи во МНР.

Стоилковски вели дека доколку јавното соопштување за вработувањето на несудената конзулка во МНР е шовинизам, тогаш очекува од премиерот да го осуди и отворањето на случајот во ДКСК за нејзините истовремени ангажирања во повеќе институции.

Ковачевски во шовинистичката одбрана, повторно не објасни како и зошто е вработена во МНР, како била ангажирана од повеќе институции во исто време дотичната Бесмира Ејупи? Нели Ковачевски не ја познаваше личноста што требаше да ја именува како Генерален конзул во Њујорк, праша Стоилковски.

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека постои шовинизам во редовите на опозицијата.

-Во континуитет гледам една висока доза шовинизам од страна на опозицијата, особено насочена кон жените. Лицето за кое ме прашувате била вработена во општина која што подолг период е водена од градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Така што треба да се провери дали е вистина за да видиме кои се мотивите за такви напади, одговори премиерот.

Ејупи беше предложена од МНР за шеф на дипломатско-конзуларното претставништво во Њујорк. Сепак, под притисок на јавноста, Владата ја повлече оваа кадровска одлука.

Слични содржини