Стоилковски: Нема терапија за заболените од карцином

од Nikola Popovski

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Науме Стоилковски денеска ги обвини СДСМ и ДУИ дека поради нив веќе цел месец нема терапија за пациентите со колоректален, оваријален и цервикален карцином.

-За појаснување, биолошката терапија за пациентите болни од карцином е од животно значење за нив, а оставањето без терапија е животно загрозувачки. Во ризик се доведуваат и пациентите со рак на бели дробови, рак на бубрег и рак на дојка, за коишто резервите на терапија ги има само за кус период од неколку месеци. Терапија нема затоа што Власта на СДСМ и ДУИ, Министерството за здравство и Беким Сали не извршиле и не прават набавка. Потребно е најитно решавање на проблемот со тендерот за набавка на биолошка терапија. Можеби овој тендер не е по мерката на СДСМ и ДУИ, но тој е неопходен за животот на многу пациенти, вели Стоилковски.

Слични содржини