Стоилковски: Одлуката на Уставниот суд да ја отвори иницијативата во овој момент е политичка, а не е правна

од Ивана Рамаданова

Обвинителите, истражителите и сите службени лица кои биле дел од злосторничкото здружување на Катица Јанева, мора да бидат суспендирани се до завршување на истрагата за аферата „Кеш“ со чие излегување во јавноста видовме дека преку СЈО биле проневерени милиони евра пари од граѓаните, изјави на пресконференцијата Наум Стоилковски.

„Само на овој начин, само така јавноста ќе има гаранција дека соработниците на Кaтица Јанева и на Зоран Заев нема да влијаат и да ја попречуваат истрагата за тоа каде и како завршија над 10 милиони евра. СЈО на вработените и на физичките лица за хонорари и по други основи исплатиле над 10 милиони евра, пари од Буџетот на Република Македонија“, рече Стоилковски.

Според него, анализата на трошењето на СЈО, покажува дека доминираат исплатите од ставката договорни услуги, односно 87 проценти од вкупните расходи на СЈО се по таа ставка, договорни услуги.

„Анализата на исплатите по основ на договорни услуги, покажува дека тие нагло се зголемуваат токму помеѓу третиот и четвртиот квартал од 2016 година, а изборите во Република Македонија се одржаа на 11 декември 2016 година. Компаративна анализа на исплатите на физичките лица за третиот квартал од 2016, 2017, 2018 и 2019 година, по основ на договорни услуги од страна на СЈО, оваа компаративна анализа покажува дека истите тие исплати својот врв, својот пик, го доживуваат токму на 30-ти септември 2018 година. Тие се отворија на 19-ти октомври 2019 година, или поточно на почетокот од четвртиот квартал од 2018 година. Издатоците потоа растат како што се вршеше промоција на предложените уставни измени во МАНУ и низ Република Македонија. Kомпаративната анализа за вториот квартал од четирите години постоење на СЈО, ова анализа покажува дека исплатите нагло се зголемуваат во вториот квартал од 2019 година. Тоа е периодот кога се спроведуваа претседателските избори. Особено е забележително во периодот на вториот круг избори има зголемено активност на исплати од СЈО. А, изборите се одржаа на 5-ти мај 2019 година“, истакна Стоилковски.

Тој потенцираше дека одговорност за овој криминал мора да има, истакнувајќи дека соработниците на Јанева и на Заев добро ги знаеле законите и свесно влегле во проневерувањето буџетските пари.

Слични содржини