Стоилковски: После објавувањето на аферата „Тајни имоти“ падна системот за онлајн проверка на државниот катастар

од Nikola Popovski

„Не може да се стави во една ваква корелација. Вчера беше неработен ден, почнавме со прес-конференција, во недела во понеделник со најавата и со се можно за кревање на една ваква ситуација за криење на имоти од страна на владини функционери и денеска првиот работен ден после празник, падна системот за онлајн проверка на државниот катастар“. Ова го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во вечерашното гостување во „Емисијата 200“ на Алсат каде зборуваше за аферата „Тајни имоти“ и функционерите на власта кои немаат поднесено анкетни листови.

Тој исто така упати критики и до Државната комисија за спречување на корупција која иако е обврзана да ги предупреди овие лица кои се именувани од Владата, а немаат поднесено анкетни листови, истата не реагирала.

„Огромен е бројот на именувани функционери и овој список е само дел од оние кои  што немаат поднесено анкетни листови, но се луѓе кои што се доведуваат во корелација со функционери од власта кои што се дел од системот на СДСМ и на ДУИ, дел од нивните организациски поставености и луѓе кои што настапувале партиски и по прес конференции и имале други партиски функции и се во релација блиска со определени функционери. Тоа е првиот момент. Вториот момент е што има законска можност и обврска ДКСК да ги предупреди. Нели тоа е првото тело? Првото тело е ДКСК, вториот е Обвинителството. Ниту ги предупредило и ниту имаат поднесено до сега. Дури и при промена од една функција на друга функција, тие луѓе не реагирале. ДКСК не реагира“, потенцираше Стоилковски.

Слични содржини