Стоилковски: СДСМ избра стари и истрошени кадри

од Nikola Popovski

Кандидатите кои СДСМ ги предложи се стари истрошени кадри, небитно дали како градоначалници или функционери на други позиции. Онаму како што СДСМ сака да прикаже нови луѓе, поставува стари кадри познати по сменети и по десетина функции. На пример, Горан Сугарески за Прилеп или Душко Весковски, не може да биде ново лице, кога е веќе познат како лош директор на ЈП Водовод и канализација Скопје. Нови луѓе не се ниту кандидатите за Јегуновце, Брвеница, Чешиново и Облешево и Свети Николе, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според него, затоа има раскол во СДСМ, заради проблеми со недостаток на квалитетни луѓе, па затоа избира лица за пораз.

-Во 4 години кадрите на СДСМ само ги задолжија нивните општините. И можеби сите се стекнаа со прекарот „комшија“ заради системот стан за секоја маркица за зграда. Со вакви луѓе општините не можат да очекуваат развој, објаснува Стоилковски.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната прес-конференција, ги објави имињата на кандидатите за градоначалници на 16 општини.

Кандидат за Карпош ќе биде актуелниот директор на скопски „Водовод“ Душко Весковски, додека за градоначалник на скопската општина Аеродром ќе се трка Александар Филиповски.

Досегашниот директор на Царина Горан Сугаревски ќе се кандидира за градоначалник на општина Прилеп, додека во Тетово во трката за градоначалник ќе учествува д-р Хенди Алезовиќ. Во Кавадарци за татко на општината ќе се кандидира Горан Тодоров, додека во Велес ќе се трка д-р Ненад Коциќ.

Слични содржини