Стоилковски: Сите министри и функционери целосно да се откажат од платата и да заштедат над 5 милиони евра(ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Цела недела измина, а нема ниту збор од министрите и функционерите на Зоран Заев за предлогот тие целосно да се откажат од платите во овие тешки месеци и да одработат бесплатно за државата и за граѓаните!“, вели денеска Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема ниту збор од Оливер Спасовски за откажување од неговите 88.000 денари плата, ниту Шекеринска нема никаков збор за откажување од нето-платата од над 80.000 денари, Мила Царовска за нето плата над 73.000 денари, нема ниту збор од Рената Тренеска Дескоска дека се откажула од платата од над 73.000 денари и дека би работела про боно, Никола Димитров не кажува дали воопшто ќе поработи без платата од над 72.000 денари, или Дамјан Манчевски од над 70.000 денари плата и така натаму. Сите 26 министри молчат дали би се откажале од платите од 70 до 90 илјади денари!“, посочува Стоилковски.

Слични содржини