Стоилковски: Заев јасно да го каже ставот за Делчев и македонскиот јазик!

од Aleksandar Petrovski

Зоран Заев молчи и не кажува дали ги распродава Гоце Делчев и македонскиот јазик?! Зоран Заев мора да престане да бега и да каже што ветил во Бугарија и што сега треба да исполни! Зоран Заев мора да излезе и јасно да го каже неговиот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик! изјави на прес конференција Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Повели Заев излези и кажи го твојот став за Гоце Делчев и за македонскиот јазик?

Македонија не е пазар, а македонското културно и историско наследство и јазик не се фирмите на Заеви па да се распродаваат по сопствена волја на Зоран Заев.

Зоран Заев мора да излезе и да каже дали се вистините наводите на историчарите кои што тврдат дека Македонија треба да прифати и вина за депортацијата на македонските евреи кои што беа однесени во логорот Треблинка?!

Македонскиот народ е дел од антифашистичката коалиција, дел од народите кои што го возобновија светот по втората светска војна.

Зоран Заев нема право да менува историски вистини и да ја понижува Македонија, ниту пак македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ е за Македонија која што е интегрирана во НАТО и ЕУ, слободна и демократска, идеи кои што се темел на ЕУ. Токму затоа ние сме за отпочнување на преговорите со ЕУ, бидејќи тоа се темели на нашиот стремеж како народ за слободна, демократска и интегрирана држава.

Уште еднаш потенцираме дека доколку Зоран Заев прифати нешто кое што би значело распродажба на Гоце Делчев и на македонскиот јазик, таа одлука веднаш ќе биде поништена со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и нема никогаш да го почитуваме таквиот договор.

Прашање: Министерот за правда Маричиќ по повод европскиот ден на правдата, испрати порака дека судството треба да продолжи онлајн со судски рочишта и постапките пред судовите и обвинителството, ваш коментар?

Одговор: Не е прашањето дали судството е онлајн, туку тоа што правдата во судството е shut down. На овој европски ден на правдата Бојан Маричиќ не зборува за забелешките од европската комисија, за корумпираното судство и за политичкиот притисок врз правосудството, Бојан Маричиќ уште еднаш покажува дека не ги познава законите ниту состојбите во правосудството.

На пример Бојан Маричиќ веројатно не знае дека половина од парниците во судството денес заради немање системи за аудио снимање немаат аудио записи од парниците и дека се водат записници како во минатиот век. А особено ќе го истакнам во делот на кривичните постапки каде што законот е дециден дека сите страни учесници во процесот мора да бидат на исто место во исто време. Ова што го зборува Маричиќ во својата изјава на европскиот ден на правдата е пародија и гротеска. Од што може да излезе само тендер потпишан од Маричиќ или од било кој од владата со нов проект, на пример компјутер за секој обвинет наместо компјутер за секој ученик. Мафијата им царува под нос и Бојан Маричиќ е дел од таа мафија рече Стоилковски.

Слични содржини