Стоилковски: Зетот за сестра на секретарот на градот добил јавни набавки од градот од 10 милиони денари

од Vladimir Zorba

Градот Скопје воден од Петре Шилегов во околу 5 наврати исплатил 10 млиони денари на компанијата на зетот од сестра на секретарот на градот Скопје. Очигледно на повидок е нов случај а-ла „Драги Рашковски“ овој пат во градот Скопје, раководен Петре Шилегов, вели денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Се поставуваат низа прашања, како токму компанијата на зетот од сестра на секретарот на градот Скопје е добитник на 5 јавни набавки во вредност од 10 милиони денари?

Дали ова се единствените јавни набавки или имало и повеќе други, каде што се врзуваат вакви зетовски, снаовски, балдиски- врски, поврзани со Петре Шилегов и со секретарот на Градот Скопје?

Или, дали ваквиот начин за испумпување на пари од Градот Скопје е единствен или постои нова мрежа за криминогени дејанија?“, прашува Столиковски.

Слични содржини