Стојаноски предлага: Да ги изгласаме предлог законите за акцизите и данокот на додадена вредност

од Берта Китинска

За првпат во историјата литар бензин чини над 100 денари, а ни дизел горивото не заостанува многу и чини 95 денари за литар.Од утрово и цените на основните прехранбени производи брашно, зејтин, месо, јајца, леб, ориз, млеко се повисоки за најмалку 5%.Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија познавајќи колку власта е неодговорна изработи два закони со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022, вели Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“.

Тој посочува дека единствена цел на власта е успешно спроведување на операцијата спасување на владеачката коалиција, а граѓаните за жал се колатерална штета.

-Повикуваме за малку разум кај колегите од мнозинството и сите заедно на итна седница да ги изгласаме предлог законите за акцизите и данокот на додадена вредност.Цената за литар Еуросупер 95 е 104 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 81 денар.Цената за литар Еуросупер 98 е 106,5 денари, со прифаќање на нашиот предлог ќе биде 83 денари, вели Стојаноски.

Слични содржини