Стојаноски: Предлог законот за служба во Армијата не е добро законско решение

од Берта Китинска

Ја повикуваме министерката Шекеринска да не се крие позади колегите пратеници од власта и конечно да признае и да прифати дека Предлог законот за служба во Армијата на Република Македонија не е добро законско решение, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски .

– Предлог законот за служба во Армијата на Република Македонија не е добро законско решение бидејќи потенцирам, не е во интерес на војниците и персоналот на Армијата на Република Македонија, изјави за медиумите Стојаноски денеска во Кристалната сала на Собранието.

Тој додаде дека пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата преку амандмани бара подобрување на условите за пензионирање и давање на можност на активниот воен и цивилен персонал во Армијатa

-Бараме подобрување на условите за пензионирање и давање на можност на активниот воен и цивилен персонал во Армијата да му престане работниот однос по сила на закон со остварување на право на пензија со навршување на 40 години стаж или со навршување на 55 години возраст. Со предлогот на Шекеринска ова не е предвидено и оттука по автоматизам се губи смислата и потребата од бенефициран стаж. Другата суштинска забелешка е да се изврши корекција во висината на пензијата и на воениот и на цивилниот персонал на кој од денот на формирање на Армијата до денот на влегување во сила на овој закон им престанал работниот однос согласно законите за служба во Армијата кои важеле во времето на остварување на правото на пензија, рече Стојаноски.

Слични содржини