Стојаноски: СДСМ мести партиски функционер за член на РKE

од Vladimir Zorba

Продолжува дрското и бесрамно спроведување на политиките на СДСМ во енергетиката и пополнување на клучните места во енергетскиот сектор со нестручни и некомпетентни лица со искуство кое што го бара законот, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната собраниска седница кој потенцира дека СДСМ спротивно на законот мести партиски функционер за член на Регулаторна комисија за енергетика.

Стојаноски истакна дека во Македонија се уште постои Регулаторна комисија за енергетика, а нејзина задача е да биде независна и да ги штити потрошувачите, но испаѓа дека таа ги штити интересите на СДСМ.

– Согласно Законот за енергетика, тој што ќе биде предложен во оваа комисија не смее да има партиска функција. Предложениот Андреј Тасев кој треба да биде член на РКЕ, седи до Зоран Заев, но и носител на листа на СДСМ за Дојран во 2001 година и во два мандата бил советник на СДСМ, што е спротивно на Законот. Тасев го има и на список на централниот одбор на СДСМ. Човекот кој треба да стане дел од РКЕ има актуелна партиска функција, рече Стојаноски.

Тој ги повика Државната комисија за спречување на корупција и сите надлежни органи да не дозволат вакво нешто да се случи и додаде дека овој кандидат не ги исполнува ниту условите да биде член на РКЕ.

– Воедно овој кандидат не го исполнува условот од Член 17, став 3, точка 2 од Законот за енергетика каде јасно е наведено дека за член или претседател на РКЕ, може да биде именуван државјанин на Македонија кој ги исполнува следните услови, во последните 15 години пред именувањето да има најмалку 10 години искуство во енергетиката, а овој кандидат него исполнува овој услов. Власта смета дека е над законот и над народот, нагласи Стојаноски.

Слични содржини