Стојановски: Да гласаме за број 1 за СДСМ, за европско Тетово

од Nikola Popovski

Сите го сакаме наше Тетово. Сите посакуваме нашиот град да оди напред, да се развива и да чекори во правец за кој се стремиме повеќе од триесет години. Патеката по која тргна нашата држава, а по неа и Тетово, всушност ја отсликуваат многубројните проекти со кои нашата Сдсм, со помош на Владата, во изминатиот мандат успеа на локално ниво да допре речиси во секој аспект од општествениот живот. Вложени беа многу средства токму во нашата општината, изјави Глигорије Стојановски, носител на советничката листа на СДСМ Тетово.

Тој информира дека билеизградени и обновени многу улици и објекти.

-Како најзначајни ги издвојувам патот накај нашиот бисер Попова Шапка, главната улица на населеното место Сараќино, како и улицата Гоце Делчев. Изграден беше современ школски спортски базен, а во завршна фаза е и изградбата на Музејот на тетовски крај и спортската сала во ООУ Андреја Савески Кикиш, вели меѓу другото Стојановски и додава:

-Како човек од културата мора да ја потенцирам и организацијата на Тетовското културно лето. Манифестација, која се одвиваше во духот на соживотот. Во една вечер се слушаше и пееше како албанска, така македонска, па и музика и песни од други, разни етнички култури кои го красат Тетово. Тука се препознаваше мултиетништвото кое го негуваме и претставува единствен столб за мирот и благосостојбата во нашиот заеднички град.

Тој во пресрет на претстојните локални избори, односно избор за кандидати за советници за Совет на Општина Тетово, го повика неговите сограѓани да излезат и да гласаат за враќање на сјајот и духот на градот.

Слични содржини