Стојчевска: Целосно асфалтиран патот Раштак – Бутел

од Aleksandar Petrovski

Како локална власт во општина Гази Баба продолжуваме да ги реализираме проектите во интерес на сите, изјави Јована Стојчевска од ОО СДСМ Гази Баба.

Наследивме многу проблеми од изминатите 25 години, но со одговорна и посветена работа еден по еден ги решаваме.

Имено, спроведуваме асфалтирање на патот Раштак – Бутел во должина од 5 километри.

Конечно на овој начин, жителите добиваат безбеден пат кој дополнително е проширен од 3 на 5 метри, а ќе биде изграден и потпорен ѕид покрај истиот.

Овој проект кој е во вредност од ‪16 700 000‬денари се реализира во соработка со агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Покрај овој локален пат со поддршка од Владата оваа година се изградени и локалниот пат од Страчинци кон Виниче и од основното училиште во Булачани до викенд населбата.

Посветено продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните и спроведување на ветените проекти, рече Стојчевска.

Слични содржини