Стојковски: Инспекторатот учествувал во издавањето дозвола за одложување опасен отпад на „Дрисла“

од Берта Китинска

За овие десет дена, откако сум в.д. директор, имам сознанија за слабости во менаџирањето, непродуктивно работење, несоодветно трошење на над три милиони денари буџетски средства без извештаи за сработеното, немање евиденција за присуство на работа и други трошења кои ги надминуваат моите ингеренции. Поради тоа, целокупната документација ќе им биде дадена на надлежните институции – Антикорупциската комисија и Финансиската полиција, рече в.д. директорот на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Сретен Стојковски.

Тој информира ека Инспекторатот бил вклучен во издавањето А-интегрирана дозвола за одложување опасен отпад на ЈП „Дрисла“.

– По претставки на граѓаните за можно одложување опасен отпад на ЈП „Дрисла“ разгледана е документацијата за добивање А-интегрирана дозвола. Притоа е утврдено дека во процедурите за издавање на дозволата учествувал и Инспекторатот за животна средина. Ќе пристапиме кон вонреден инспекциски надзор над ЈП „Дрисла” за инсталацијата за третман и складирање на 36 шифри опасен отпад. Потоа ќе покренеме постапка за ревизија на издадената дозвола, напомена в.д. директорот.

Слични содржини