Столтенберг: Азилот на Груевски е прашање на Скопје и Будимпешта

од desk2

На почетокот на министерскиот состанок во Брисел, каде учествува и македонска делегација предводена од министерот за надворешни Димитров, генералниот секретар на Алијансата за ова прашање кратко изјави.

-Мислам не е мое тоа да го коментирам, тоа е прашање кое треба да го решат Будимпшта и Скопје, а не НАТО, изјави Столтенберг.

А по се изгледа дека токму тоа го прави унгарската опозиција. Притисокот на партиите кои не се согласуваат со политиките на Орбан континуирано се зголемува. Триете најголеми опозициски партија составија писмо кое го испратија до сите унгарски институции и меѓународни организации, во кое бараат поранешниот македонски премиер да биде итно екстрадиран назад во Скопје.

„Неприфатливо е да дознаваме од странските медиуми дека унгарската влада му дала азил на криминалец кој се бара со меѓународна потерница“

Опозициските партии упатија и тешки критики, бидејќи не беше прифатен нивниот предлог за случајот со азилот на Груевски да се расправа на специјална седница и во Унгарското собрание.

Инаку, екстрадиција бара и владата на Заев, а токму премиерот најверојатно ќе има шанса тоа и лично и да му го каже на Орбан, имајќи во предвид дека двајцата премиери денес и утре ќе бидат во Загреб на самитот на Средно Еврпската иницијатива. И покрај тоа што нема најавена средба, сосема е извесно двајцата премиери, на маргините на самитот да поразговараат и за прашањето за азилот на Никола Груевски.

Слични содржини