Столтенберг: Ги испорачавме во Украина речиси сите борбени возила

од Stefanija Kuzmanovska

Сојузниците и партнерите на НАТО ѝ ги испорачаа речиси сите ветени борбени возила во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Повеќе од 98 отсто од борбените возила ветени на Украина се веќе испорачани. Тоа значи повеќе од 1.550 оклопни возила, 230 тенкови и друга опрема, вклучително и огромни количини муниција“, изјави Столтенберг за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.

Столтенберг посочи дека НАТО обучил и опремил вкупно повеќе од девет нови украински оклопни бригади, пренесе „Ројтерс“, пренесува „Танјуг“.

Ова ќе ја зајакне позицијата на Украина да продолжи со преземањето на окупираната територија, рече Столтенберг на прес-конференција со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел.

Слични содржини