Столтенберг гледа напредок во преговорите меѓу Шведска и Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека гледа напредок во преговорите на Шведска со Турција за членство во НАТО и дека има за цел и Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата до самитот во јули.

Столтенберг изјави за „Ројтерс“ дека тој и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се договориле Турција, Финска и Шведска да се сретнат во седиштето на НАТО во средината на март „за да ги решат тешкотиите со кои се соочуваме кога станува збор за ратификацијата на Турција на шведскиот пристапен протокол“.

Столтенберг, кој се состана со Ердоган минатата недела во Анкара, изгледаше пооптимист на оваа тема отколку во претходните месеци.

Слични содржини