Столтенберг исклучува влез на Украина во НАТО додека трае војната

од Nikola Popovski

Украина нема да може да се придружи на НАТО се додека во таа земја има војна, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

– Мислам дека сите сфатија дека да се стане членка среде војна не е на дневен ред, порача Столтенберг, пренесе Ројтерс.

Како што рече, „прашањето е што ќе се случи кога ќе заврши војната“.

Генералниот секретар на НАТО е во посета на Брисел, каде што присуствува на настан организиран од Германскиот Маршалов фонд на САД.

Слични содржини