Столтенберг ја откажа посетата на Берлин

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја откажа денешната посета на Берлин, за време на која требаше да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Генералниот секретар не извести дека ненадејно ја откажал посетата на Берлин“, соопшти германското Министерство за одбрана.

Според планот на посетата, тој околу пладне требаше да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц, а потоа и со министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.

Причините за откажувањето не се наведени.

Слични содржини