Столтенберг: НАТО бара целосно и брзо спроведување на договорот од Охрид

од Nikola Popovski

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека по постигнувањето на договорот во Охрид меѓу Александар Вучиќ и Албин Курти, фокусот треба да биде ставен на негово брзо и целосно спроведување.

„Го поздравувам договорот и сега е важно брзо и целосно да се спроведе договорот меѓу Белград и Приштина. И секако, целосно го поддржуваме дијалогот што го овозможува ЕУ. Сојузниците во НАТО и НАТО даваат политичка поддршка. Тоа е целосно спроведување на договорот. Бевме во близок контакт со ЕУ, но и со Приштина и Белград“, изјавил Столтенберг за новинарите, а пренесува „Репортери“.

Тој повторил дека НАТО ги поддржува напорите за изнаоѓање мирно решение, додавајќи дека околу 4.000 војници на мисијата КФОР на Косово се клучни за овозможување и поддршка на политичкиот процес, пренесува „Косово онлајн“.

„Ние го поддржуваме договорот. Пораката е дека тоа мора да биде целосно и брзо спроведен од двете страни“, нагласил Столтенберг.

Слични содржини