Шведска и Финска во вторник ќе потпишат протокол за пристапување во НАТО со цел формално да се приклучат на алијансата, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција на крајот од самитот на НАТО во Мадрид.

„Се договоривме да ги поканиме Финска и Шведска да се приклучат на нашата алијанса и се договоривме за долгорочна поддршка за Украина“, рече Столтенберг, додавајќи дека претседателите на двете нордиски земји ќе учествуваат во процесот и дека „реалноста е дека лидерите на НАТО веќе вчера донесоа одлука на самитот“.

Шведска и Финска во вторник ќе потпишат протокол за влез во НАТО со цел формално да се приклучат на алијансата.

Слични содржини