Столтенберг: Односите меѓу НАТО и Русија се на најниско ниво од Студената војна

од Milan1

Односите меѓу НАТО и Русија се на ниско ниво, ситуацијата е најтешка од крајот на Студената војна, но треба да се остави простор за разговори, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Мораме да разбереме дека односите меѓу Русија и НАТО се на ниско ниво. Не е било потешко од крајот на Студената војна. Цврсто веруваме дека кога работите се тешки, кога се соочуваме со предизвици во нашите односи како што сме сега, уште поважно е да разговараме и НАТО ќе продолжи да води конструктивен или значаен дијалог со Русија, рече Столтенберг.

Русија во понеделникот објави дека ги суспендира активностите на својата дипломатска мисија во НАТО по протерувањето на осум руски службеници, кои Алијансата ги окарактеризира како „непријавени руски разузнавачи” и дека ќе ја затвори мисијата на западниот воен сојуз во Москва.

Слични содржини