Столтенберг: По историскиот договор за името ќе го поканиме Скопје за 30-та членка на НАТО

од desk2

Брисел, 10 јули 2018 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува дека по договорот со Грција Македонија ќе биде поканета да почне со преговори за членство во НАТО.

На денешната прес конференција Столтенберг изјави:

-Очекувам дека по историскиот договор постигнат минатион месец за спорот со името ќе го поканиме Скопје да почне со преговори за членство. Кога договорот ќе биде финализиран и имплементиран, ќе можеме да ја поканиме поранешната југословенска Република Македонија да стане 30 членка на НАТО под нејзиното ново име, Република Северна Македонија. Ова е сигнал дека портата на НАТО е и ќе остане отворена, изјави Столтенберг, јави диписничката на МИА од Брисел.

Слични содржини