Столтенберг повика на глобална реакција поради Северна Кореја

од desk2

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг повика на глобална реакција откако Северна Кореја испали уште еден проектил преку територијата на Јапонија.


Тој, последниот тест на Пјонгјанг го нарече уште едно немарно крекршување на резолуцијата на Обединетите нации.

Столтенберг го осуди испалувањето ракети и ја повика Северна Кореја да се откаже од нуклераната програма.
Медиумите претходно пренесоа дека Јужна Кореја на тестот на Пјонгјанг реагирала со испалување два проектила само шест минути откако Северна Кореја ја лансирала својата ракета.

Пјонгјанг изврши тест неколку дена откако Советот за безбедност на ОН усвои нови санкции за Северна Кореја поради балистичката и нуклеарната програма, откако на 3 септември е извршена проба на нови хидрогенски бомби.

Слични содржини