Столтенберг призна дека придонесите кон НАТО се небалансирани

од desk2

Запрашан за реакција за твитот на Доналд Трамп дека Европа помалку придонесува кон НАТО отколку САД, генералниот Секретар на НАТО призна дека тоа точно.


Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Столтенберг посочи дека „поделабата на товарот е нефер“ и затоа европските сојузниците треба да ги зголемат своите напори.

– Мојата порака е дека ги зголемуваме напорите, европските сојузници ги зголемуваат напорите, овој Самит ќе покаже дека исполнуваме задачи на полето на безбедноста и покрај несогласувањата, наведе Столтенберг во пресрет на клучниот Самит на Алијансата, на кој Трамп најави дека ќе бара од европските сојузниците да ги зголемат буџетите за НАТО.

САД е земјата која највеќе придонесува за буџетот на Алијансата. Само Грција е над ветената стапка од два отсто за која се заложија НАТО сојузниците. Повеќето други сојузници ветија дека во наредните седум до десет години ќе ги постигнат зацртаните цели, но тоа не може да се случи преку ноќ.

Слични содржини