Столтенберг: Путин ја користи зимата како воено оружје

од Stefanija Kuzmanovska

Сојузниците на НАТО ќе ја засилат помошта за Украина бидејќи рускиот претседател Владимир Путин ја користи зимата како воено оружје, бидејќи неговите сили пропаѓаат на бојното поле, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО престојува во Букурешт каде што се одржува дводневен состанок на Алијансата.

„Испорачавме генератори и резервни делови, а сојузниците помагаат во обновата на уништената инфраструктура“, им рече тој на новинарите пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт.

Тој посочи дека средбата ќе послужи како платформа за зајакнување на помошта од Западот за реконструкција на енергетската инфраструктура на Украина.

Столтенберг го повтори ветувањето што лидерите на НАТО го дадоа во Букурешт во 2008 година, во истата Палата на Парламентот каде оваа недела се состануваат министрите за надворешни работи, дека Украина, но и Грузија еден ден ќе се приклучат на Северноатлантската алијанса.

Слични содржини