Столтенберг: Разберете ја позицијата на Турција за проширувањето на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Синоќа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика да се земат предвид резервите на Турција во однос на влезот на Финска и Шведска во одбранбената алијанса.

– Турција е почитуван сојузник и неопходно е да се одговори на сите безбедносни проблеми, напиша вчера Столтенберг на Твитер по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Мораме да застанеме заедно во овој историски момент“, додаде тој.

Шведска и Финска најавија дека ќе аплицираат за членство во НАТО за неколку дена, поттикнати од промената на геополитичката клима во Европа по рускиот напад на Украина кон крајот на февруари.

– Турција не може да каже „да“ за членството на Финска и Шведска во НАТО, без навреда, тоа е невозможно, изјави вчера турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесува РИА Новости.

Тој повтори дека двете земји ги поддржуваат „терористичките организации“, вклучително и забранетата Курдска работничка партија (ПКК) во Турција и курдската милиција ЈПГ во Сирија.

Ердоган претходно изјави дека „скандинавските земји се рај за терористичките организации“.

Слични содржини