СТОЛТЕНБЕРГ: Русија мора да знае дека нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води!

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека употребата на нуклеарно оружје од страна на Русија ќе има сериозни последици.

„Секоја употреба на нуклеарно оружје е апсолутно неприфатлива, тоа целосно ќе ја промени природата на конфликтот, а Русија мора да знае дека нуклеарна војна не може да се добие и никогаш не смее да се води“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг одговорајќи на уште една јасна закана од страна на рускиот претседател, Владимир Путин.

„Ако продолжиме да слушаме ваква реторика од Русија, од претседателот Путин, тоа е нешто што треба сериозно да го сфатиме“, рече Столтенберг.

Слични содржини