Столтенберг се заложи на прием Грузија во НАТО

од Vladimir Zorba

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска се заложи на влез на Грузија во Алијансата и покрај проблемите со сепаратистичките региони во оваа поранешна советска република.

– Грузија ќе стане членка на НАТО, истакна Столтенберг.

Тој нагласи дека Алијансата го поддржува територијалниот интегритет на Грузија, вклучувајќи го и нејзиниот суверенитет над отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија.

Русија и Грузија водеа кратка војна 2008 година, која доведе до прогласување на независност на тие два региона.

Иако Грузија дава значаен придонес во операциите на НАТО, Алијансата се уште не и упати покана за членство, инсистирајќи прво на решавање на конфликтите со двата сепаратистички региони.

Слични содржини