Столтенберг станува гувернер

од Milan1

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе стане нов гувернер на Норвешката централна банка. Тоа денеска го соопшти владата во Осло и покрај загриженоста на опозицијата дека именувањето на овој поранешен премиер може да ја ослаби независноста на банката.

Столтенберг во врска со тоа дека на 1 март треба да ја преземе гувернерската функција изјави дека прво ќе го заврши мандатот во НАТО, кој трае до крајот на септември 2022 година, пренесува Ројтерс.

Ајда Валден Баче, заменик-шефот на централната банка и главен ривал на Столтенберг за оваа позиција, ќе биде вршител на должноста гувернер додека Столтенберг не ја преземе функцијата, соопшти норвешката влада.

Слични содржини