Столтенберг: Светот сега е многу поопасен отколку пред една генерација

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Светот денес е многу поопасен отколку што беше пред една генерација, смета Јенс Стортенберг.


Светот денес е многу поопасен отколку што беше пред една генерација. Ова го изјави генералниот екретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за британскиот весник. “Гардијан”.
На прашањето дали во својата 30-годишна кариера имало повеќе ризично време од сегашното Столтенберг изјави дека животот денес е многу непредвидлив и потежок поради многуте предизвици со кои човештвото се соочува во исто време.
“Има ширење на оружје за масовно уништување во Северна Кореја, има терористи, несигурност  исто така има и една nапаѓачока Русија”, рече генералниот секретар, сумирајќи дека луѓето сега живеат во “еден многу повеќе опасен свет”.
Интервјуто му доаѓа дена пред почетокот на Шестдневната вежба  на руски и белоруски војници, за кои се смета дека ќе се најсеопфатни  од крајот на Студената војна наваму. Приближно 100 000 лица воен персонал и цивили ќе вршат дејствија во Балтичко Море, Западна Русија и Калининград.
Говорејќи за време на посетата во Естонска воена база на 120 километри од границата со Русија, Столтенберг одговори претпазливо на прашањето на “Гардијан” за тоа дали ги  поддржува заканите на американскиот претседател Доналд Трамп кон Северна Кореја.
“Ако почнам да шпекулирам за можни воени варијанти само ќе зголемам несигурноста и сложеноста на ситуацијата, па според мене мојата задача не е да придонесувам за тоа”, рече тој и додаде дека неговите напори ќе бидат насочени за остварување на политичко решение на кризата . Во исто време, сепак, генералниот секретар на НАТО вели дека ја разбира и поддршката за  военото порака на земјите од регионот како Јужна Кореја и Јапонија, кои според него имаат право да се бранат.
“Тие имаат право да одговорат кога забележат овие така агресивни дејствија. Јас исто така го поддржувам присуството на американски војници и сили во Кореја “, изјави тој.
Продолжувајќи  ја темата за американскиот претседател “Гардијан”  го прашува Столтенберг и за тоа дали според него Доналд Трамп е најсоодветната личност за справување со оваа загрижувачка безбедносна ситуација во светот. Во одговор генералниот секретар изјави дека сите 29 членки на НАТО се обединети во своите позиции. “Доналд Трамп е избраниот претседател на САД. А НАТО е колективна алијанса од 29 демократии “, рече тој.
Во исто време Столтенберг додаде дека според него, во моментот нема надвисната закана против некоја држава членка на организацијата и зголемувањето на трошоците за безбедност во одделните земји, на кои и самиот Трамп неколкупати нагласува , доведоа до зајакнување на Алијансата како целина.

Слични содржини